Новогодишната атмосфера и веселата забава за најмладите на градскиот плоштад продолжија денеска со Музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“, во продукција на “Балада Арт” и фестивалот за деца “Весели ѕвончиња”.

Богата програма е предвидена и вечерва за дочекот на Нова година на градскиот плоштад. За забавниот дел ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татјана Стефановска, групата ДНК, Нино Величковски и групата „Фортуна“.

Забавата во најлудата ноќ почнува во 21:00 часот.

На 1-ви јануари, точно на пладне, ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалковски.

Г.М.