Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала во Авганистан и Пакистан, соопштија денеска владини претставници.

Најмалку девет лица загинаа, а 44 лица се повредени во северозападен Пакистан, изјави претставник на пакистанската влада, додека најмалку четири лица загинаа во земјотресот во Авганистан, а 50 се повредени.

Во двете земји се оштетени куќи и згради.

Земјотресот е почувствуван во опсег од повеќе од 1.000 километри, во област каде живеат околу 285 милиони луѓе во Пакистан, Индија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан, Киргистан, Авганистан и Туркменистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил во планините Хинду Куш, во ретко населената североисточна авганистанска провинција Бадакшан, на длабочина од 187 километри.

OhridNews