Долни сарај Охрид

Од 27.07.2023 - 22:30 до 28.07.2023 - 00:30

На 27 јули сите патишта во Охрид ќе водат на Долни сарај на најголемото балканско стендап шоу ова лето, што ќе се одржи во рамки на фестивалот „Summer comedy marathon“, што оваа година ќе се одржи по осми пат.

На шоуто насловено како „Best of Balkan“ (најдоброто од Балканот), ќе настапат најпознатите стендап комичари од регионот: Александар Перишиќ, Срџан Олман, Никола Силиќ, Андрија Дабановиќ и Никола Тодороски.

Големото шоу со најдобрите стендап комичари од Балканот на Долни сарај, почнува во 22:30 часот. Влезниците веќе се пуштени во продажба по цена од 400 денари и може да се купат онлајн на „online-podium“ или на добро познатото продажно место во охридската чаршија кај Аждер. Исто така карти може да се резервираат на бројот: 075 283 066.

Седиштата на Долни сарај не се нумерирани затоа добро е да се дојде малку порано пред почетокот на шоуто за комотно да се сместите и да се освежите со пијалак на шанкот кој ќе биде достапен за публиката. – порачуваат организаторите.

OhridNews