Денес во Охрид ќе гостува најголемиот детски, театарски – музички спектакл “Црвенкапа”. Со доаѓањето на месец мај започна и онаа пролетна магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца.

По тој повод, специјално само за најмладата публика во Охрид, денес со почеток во 11:30 часот во големата сала во НУЦК Григор Прличев – Охрид ќе биде одиграна волшебната претстава за деца „Црвенкапа”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во театарската магија, велат организаторите.

Во претставата учествуваат Црвенкапа, волкот, бабата од Црвенкапа и смешниот ловџија. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за младите.

Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата оваа театарска претстава е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и волкот, додаваат организаторите.

Сите кои сакаат да ја проследат театарската претстава може да си резервираат билет на телефонскиот број на театарската продукција 24/7 на 078/ 66-77-97.

OhridNews