На четвртиот ден од Свесткото првенство 2023, ракометната јавност ја тресе голем скандал. Како што објави компанијата „Спортрадар“, а потоа и данската телевизија „Спорт ТВ“, судии местеле натпревари, а помеѓу се и најдобрите македонски арбтри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се работи за триесетина натпревари од 2016 во 2018 година, од Лигата на шампионите и од регионалната СЕХА-лига.

Македонскиот судија Ѓорѓи Начесвски. Фото: Valdrin Xhemaj ЕPA/МИА

Македонската судиска двојка се сомничи за учество во лажирање резултат на натпреварот Кјелце од Полска со Веспрем од Унгарија на 15 октомври 2017 година во ЛШ. Натпреварот заврши без победник 32:32.

Исто така Начевски – Николов се посочени за учество во местење резултат за средбата од СЕХА меѓу Горење Велење (Совенија) – Целје Пивоварна (Словенија) 25:28 (полувреме 12:12) на 30 август 2017 година.

Помеѓу сомнителните натпревари е и гостувањето на Вардар кај Веспрем на 6 декември 2016 година (28:28, полувреме 12:12).

„Спортрадар“ е компанија која анализира спортски податоци во обложувалниците, спортски федерации и медиумските компании.

OhridNews
Фото: ЕПА/МИА