Македонската винарија „Бовин“ на најголемиот натпревар во Европа во оценување на квалитет на вината – „Mundus Vini 2024“, одржан во Германија, оваа година постигна исклучителни резултати, освојувајќи престижни награди за вината од сопствено производство, чиј квалитет уште еднаш е потврден на големата светска сцена.
Бовин беше прогласен за најдобар производител, Винарија од Македонија, а доби награда и за најдобро црвено вино од Република Македонија.
Виното Emotion 2012 е наградено со најпрестижната награда- Grand Gold, вината ERA 2015, Agupka 2015 и Experience 2011 се наградени со Gold, а вината Emotion 2021, Elix 2016 и My Way 2015, со награда Silver.
Ова е досега најголем успех на вината и Винарија Бовин на еден меѓунарoден натпревар, и потврда за долгогодишната работа и квалитетот на производите на Бовин, велат од компанијата.
Најдобрите македонски вина произведени од наградуваната винарија „Бовин“, во Охрид можат да се најдат во добро познатите продажни места на Дисконт „Рај“ кој е генерален дистрибутер на „Бовин“, како и во продажната мрежа во регионот која со децении квалитетно ја опслужува „Рај“ – дисконтот со најголем избор на пијалаци и производи за широка потрошувачка.
OhridNews/PR
Фото: Бовин