Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи.

Според мерењата утрово во 8:30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола и Прилеп, 12 во Дебар, 10 во Куманово, Тетово и Крива Паланка, девет во Скопје-Петровец и Претор, осум во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, седум во Велес, шест во Кавадарци, пет во Пожар, четири во Струмица и Берово и три литра во Дојран и Гевгелија.

 

УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

OhridNews