Вредните рачиња на најмладите жители на Стар град на плажата Сараиште изработија и поделија 100 еко пакети со еколошки прибор за јадење – пикник сет, за предстојните пролетни денови и празници кои граѓаните и туристите ги користат за излети околу крајбрежјето на Охридското Езеро испраќајќи ја пораката „СТОП за пластиката за еднократна употреба”.

Активноста се реализира во насока на подигнување на јавната свест околу штетноста на пластиката за еднократна употреба, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина” на Здружение Клуб за нуркање „Акватек“ Охрид.

Пластиката за еднократна употреба како пластични чаши, пластичен прибор за јадење, најлонски кеси, шишиња.., се најголемиот загадувач на Охриското Езеро. Преминувањето на поеколошки алтернативи е еден од начините за спречување на бескрајната акумулација на пластика за еднократна употреба. До почиста и поздрава животна средина, со промена на навиките, порачуваат од „Акватек“.

Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија (Delegation of the European Union, Skopje), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK). Истиот е кофинансиран од Општина Охрид.

OhridNews