Отсекот за превенција при СВР Охрид во детските градинки „Росица“ во населбата „Лескајца“ и централната детска градинка „Јасна Ристеска“, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец“.
Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат полицијата како служба која на сите граѓани им служи, како вистински пријател и сервис на сите граѓани, да ја поттикнат довербата во полициските службеници како нивни заштитници, информираат од МВР.
Пред најмладите, додаваат, беа презентирани и неколку основни правила за безбедност во сообраќајот, како основен постулат за развивање на безбедносната култура кај младата популација.
OhridNews