Најмалку шест луѓе се повредени, од кои четворица потешко во земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во западна Кина.

Епицентарот на земјотресот бил во планинскиот венец Тиан Шан и дека тоа е најсилниот земјотрес од 70-тите години од минатиот век.

Земјотресот оштети над 120 згради во Синџијанг, а нарушен е и железничкиот сообраќај во тој регион. Земјотресот е почувствуван и во соседните држави – Киргистан и Казахстан.

Земјотресите се чести во западна Кина, вклучувајќи ги провинциите Гансу, Чингхаи, Сечуан и Јунан, како и регионот Синџијанг и Тибет.

OhridNews