Болницата Шифа, каде што се префрлени жртвите од експлозијата во болницата Ал Ахли, ќе остане без гориво денеска доколку повеќе залихи не влезат во Појасот Газа, вели генералниот директор на болницата.
Болницата, најголемата во Газа, е соочена со интервенции многу над нејзиниот капацитет по експлозијата во Ал Ахли, вели Мохамед Абу Селмија, додавајќи дека здравствените работници се уште ги лекуваат тешко ранетите.
Сите тие се во ужасна состојба, изјави тој.
Абу Селмиоја претходно рече дека лекарите вршат операции на под без анестезија и дека недостигот на основни медицински материјали е итен проблем.
Ако болницата остане без гориво, таа може да биде принудена на целосно затворање на услугите, вели тој, додавајќи дека лекарите „ќе останат со болните и ранетите“.
Во моментов, четвртина од сите пациенти во Појасот Газа се во Шифа. Тоа е дополнителен притисок покрај семејствата на лекарите и медицинските сестри, и пациентите и новинарите кои се сите засолнети таму, рече д-р Захер Сахлоул од МедГлобал, кој ги поддржува медицинските установи во Газа.
OhridNews