Од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со укажување до повредените и семејствата во сообраќајната несреќа кај Ласкарци. Од здружението потенцираат дека со оглед на тоа што повеќето патници на кобниот ден се враќале од работното место кон својот дом, според Законот за безбедност и здравје на работа (92/07) сите кои биле во работен однос, а патувале кон својот дом и се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд (http://dit.gov.mk/)како несреќи на работното место.

Нагласуваме дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка, велат од здружението.

Со пријавата од страна наработодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:

  1. Да имаат можност во полн износ (100%) од платата да им биде исплатена за време на периодот на заздравување (имајте в предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);
  2. Отсуството од работното место да биде заведено како “повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;
  3. По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот!

OhridNews