Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје со 79-69 ја совлада екипата на Раднички Крагуевац во 12-та рунда од регионалната кошаркарска лига.


Победата на „штрковите“ е еден вид одмазда за поразот од Раднички на кошаркарскиот турнир во Охрид, кој го освоија српските кошаркари.

Пет кошаркари во составот на МЗТ запишаа двоцифрен број на поени зад своето име Гечевски 13, Дејвис 12, Лучиќ и Џонс 11 и Д. Стојаноски 10.

За македонскиот преставник во АБА лигата ова е шеста победа сезонава и полека излегува од кризата која го зафати на стартот од шампионатот.

Мх.П.