“Езерџиите“ во сите 40 минути го одржаа високиот ритам, брзата транзиција во играта подобриот скок под обрачите и расположениот В. Стојаноски (28 п. ) беа одлучувачките фактори во победата над МЗТ.
Првиот период само ги потврди констатациите дека во натпреварот во „Билјанини извори“ ке биде тврд и неизвесен до самиот финиш, Петровиќ форсираше игра под кошот каде доминираше Станковиќ (14 п. 4ск) , за кого во првиот период домашната одбрана немаше решение.
Дури во вториот период “белите“ успеаа да се одлепат на плус 7, 36-29. На брзата игра на охриѓани Петровиќ одговори со “зона“ која даде резултат и со серијата 11-3 стигнаа до минимална предност на полувремето 40-39.
Добредојден беше одморот за Амак СП.
Лазовски не сакајќи да се става во ситуација последните минути од мечот да го решаваат победникот на стартот на третиот период ги испрати на паркетот В. Стојаноски. Следуваа минути за В. Стојаноски кој во очај ја фрлаше гостинската одбрана, што со удари од далечина што со игра два на два комбинирајќи со Агоч, што со влезови под кош.
Третиот период репрезентативниот бек го заврши со 14 поени притоа не реализирајќи само едно слободно фрлање , наспроти екипа на МЗТ која постигна 17 поени во овај период. Со плус 6, 63-57 за Амак се влезе во последниот период.
Четвртиот персонален фаул ја прекина серијата на Стојаноски, а гостите преку Хелд (16 п 5ск) прават мини серија која не само што ги врати во игра него повторно им го врати и минмалното водство 66-67.
Лазовски бара минута одмор по која следуваше серија 13-2 која ја отвори Богоев (17 п 5ас.), Фрај (8 п 10 ск) нанижа неколку офанзивни скокови овзможувајќи им удари да надвор на Софкоски и Стојаноски за недостижни 79-69 на 2.30 пред крајот.
Отпорот беше скршен, а искусниот охридски тим не дозволи изненадување во самиот финиш, приведувајќи го мечот во мирен финиш за осма победа во девете кола од првата фаза