Клучот за триумфот во последниот натпревар го имаа тандемот Гечевски – Чекоски, кои постигнуваа кошеви од секоја позиција, а пред својот кош беа нерешлива енигма за словенците.
Во дебитанската сезона во АБА лигата македонскиот првак забележа сензационални победи совладувајќи ги Партизан, Цибона, Сплит и Задар.
Сега приоритет на МЗТ останува одбраната на титулата во македонскиот шампионат и Купот на Македонија.