Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, во септември, како дел од подготовките за новата сезона, ќе учествува на турнири во Сараево и во Ниш, објави клубот на својата интернет страница.

МЗТ на 14 и 15. септември ќе учествува на Осмиот меморијалниот турнир Мирза Делибашиќ. Покрај македонскиот шампион на турнирот ќе учествуваат екипите на Босна, Сплит и Будуќност од Подгорица.

Една недела подоцна, на 21 и 22. септември, кошаркарите на МЗТ ќе бидат дел од хуманитарниот турнир во Ниш, каде уште ќе учествуваат домаќинот Константин, Партизан и Раднички од Крагуевац.

МЗТ новата сезона ќе ја започне на 29. септември во Загреб, каде во рамките на првото коло во АБА лигата ќе се сретне со Цибона.