МЗТ Скопје со 81-62 го совлада градскиот ривал Работнички во финалето и го освои трофејот од „Хуавеј“ супер купот кој викендов се одржа во охридската арена „Билјанини Извори“.


„Штрковите“ иако финалниот натпревар го добија со убедливи 19 поени разлика сепак, на теренот не беше така лесно.

Кошаркарите на МЗТ Скопје отпорот на својот лут ривал го скршија во третата четвртина откако во првите две „црвените“ рамноправно се бореа.

Последниот период беше чиста формалност во кој „сините“ ја задржаа предноста и го освоија првиот пехар сезонава.

Мх.П.