Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа на 22-то издание од Купот на Македонија. Во големото финале во Охрид „штрковите“ ја совлада Лирија со 76-73 (16-14, 26-16, 18-18, 16-25)


Во првиот дел избраниците на словенскиот стратег Зоран Мартич доминираа на теренот. Воведната четвртина им припадна на „белите“ со плус два (16-14), а во втората ја кренаа на нозе охридската публика откако ја добија со 26-16 за плус 14 (42-30) на полувремето.


Третиот период од финалниот дуел во преполната сала „Билјанини Извори“ заврши со егал 18-18 и „штрковите“ со 12 поени предност влегоа во последната четвртина.


Тимот на Лирија во решавачките десет минути направи се што можеше во финалето против бранител на трофејот, но немаше сила за сензација и


За тимот од Аеродром ова е седма титула во Купот на Македонија трета во низа додека Лирија нема по добро да го памети првото учество во финалето.

Фото : Емилио
Мх.П.