МЗТ Скопје ја одбрани титулата во македонскиот кошаркарски шампионат. Во финалната серија “штрковите“ го “преслушаа“ тимот на Кожуф совладувајќи го со 4-0 и во витрините ја додода втората титула.


Последниот триумф оној “шампионскиот“ избраниците на Алеш Пипан го забележаа на гостински терен со 93-89 и втора сезона во низа го обединуваат титулите од Купот и Супер лигата.

Тимот од “Аеродром“ зад себе има успешна сезоната откако во македонскиот шампионатот освои двојна круна, а во дебитанската сезона во Јадранската лига заврши во горниот дел од табелата.

Мх.П.