Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје во финалето од меѓународниот турнир „Трофеј Охрид 2013“ ќе се сретне со екипата на Раднички од Крагуевац.

„Штрковите“ во полуфиналето го совладаа српскиот тим Металац со 104-80 (23-30, 28-23, 31-12, 22-15) додека Раднички тесно славеше против бугарски, Лукоил 77-75 (21-20, 20-19, 22-19, 14-17).

Избраниците на српскиот стратег Владо Вукоичиќ одиграа маестрална кошарка во три од четири четвртини. На себе не личеа само во првата која ја загубија со 30-23. Во втората „сините“ успеаја речиси да ја анулираат предноста на Металац -2 (53-51).

Во третиот и четвртиот квартал во спортската сала „Билјанини Извори“ постоеше само една екипа, а тоа беше МЗТ Скопје. Грешките во напад беа сведени на минумум, а обрачот противничките кошаркари речиси да не го видеа што беше сосема доволно за убедлив триумф од 24 разлика (104-80).

Најпрецизен кошаркар кај МЗТ беше Тодор Гечевски со 23 поени. Новото засилување Александар Костовски реализираше 13 додека Стефан Синовиќ 11, а и сите кошаркари кои ги имаше Вукоичиќ на распологање СЕ запишаа во листата на стрелци.

Финалето на меѓунарадониот кошаркарски турнир „Трофеј Охрид 2013“ се игра в сабота со почеток во 20:30 часот, а во 18:00 часот на програмата е малото финале. 

Мх.П.