Македонскиот преставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје обезбеди меч против Куманово за одбрана на круната од Купот на Македонија освоена минатата сезона. “Штрковите“ во полуфиналето го совладаа Фени Индустри со 74-66 и се пласираа во големото финале.


Квалитетот на кошаркарите во екипата на МЗТ во однос од Фени беше видлива уште од самиот почеток на мечот.

Од четвртина во четвртина избраниците на Алеш Пипан ја зголемуваа предноста за на крајот победата да изнесува со осум поени разлика.

Најпрецизен во составот на “плаво белите“ беше Дамјан Стојановски со 16 поени, Кирил Николовски постигна 14 поени додека во тимот на кавадарчаните најефикасен со 14 поени беше Бојан Трајковски.

Противник на бранителот на трофејот во Купот на Македонија, МЗТ Скопје  е тимот на Куманово, кој во полуфиналето во крајно неизвесна завршница го совлада Кожув со 92-87.

Финалниот натпревар се игра в недела со почеток од 19 часот.

Мх.П.