Раководството МЗТ Скопје Аеродорм, освојувачот на двојната круна во
домашното првенство, продолжува со засилување на тимот, кој следната
сезона ќе настапува во регионалната АВА лига.

Нови играчи на тимот се репрезентативците Дамјан Стојановски и Кирил Николовски, објави клубот на својата интернет страница.

Дамјан Стојановски во МЗТ пристигна како слободен играч, откако му
заврши договорот со бугарскиот Лукоил Академик, со кој сезонава ја освои
титулата. Стојановски во кариерата има настапувано уште за Вардар и
АМАК СП Охрид.

Кирил Николовски по една сеозна мината во дресот на Фени индустри реши
да се врати во МЗТ. Со неговиот трансфер екипата од Аеродорм ја
комплетира репрезентивната центарска тројка.

МЗТ претходно ги продолжи договорите со Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Огнен Стојановски и Тони Грнчаров.

“макфакс“
Ohridnews