Актуелниот шампион МЗТ Скопје претрпе пораз од Кожув 75-74 и елиминација во 1/2 финалето од Купот на Македонија.
Кошаркарите на Кожув не покажа никаков респект кон фаворизираниот тим на МЗТ Скопје, кој воопшто не ја оправда таквата улога.
Српскиот интернационалец Пековиќ со тројка на две секунди до крајот ја замолкна арена „Јане Сандаски“, која беше обоена во „сино бела“.
Со поразот во 1/2 финалето „штрковите“ останаа без круната во Купот, која ја освоија минатата година во Охрид.
Противник на Кожув во големо финале ќе биде победникот од дуелот меѓу Работнички и Куманово.
Ohridnews