По две четвртини им припадна на екипите. Првата и третата на домаќините, а втората и четвртата на МЗТ Скопје.
Мечот кавадарчани го започнаа фуриозно и без респект кон тимот на МЗТ. Таквиот пристап на играта, веднаш се одрази на резултатот. Првите десет минути “портокаловите“ ги добија со 24-17. Но следуваше пад во играта, а МЗТ Скопје знаеше да го искористи и возврати со 26-12.
Третиот период Фени фати резултатски приклучок откако им припадна со 17-13. Влогот беше преголем, “плаво белите“ не се опуштија, рутинирано го довршија мечот и дваесет годишниот сон на “Фемили“ стана јаве.
Најпрецизен во шампионскиот тим МЗТ Скопје, беше Мијајловиќ со 21 поени. По него следуваа Грнчаров 15, Гечески постигна еден помалку односно 14. Во “портакаловите“ со 17 поени најпрецизен беше репрезентативниот бек Дарко Соколов.
Одличната година избраниците на Тодоров ја заокружија со двојна круна.