Македонскиот првак МЗТ Скопје со победата во финалето на Куманово 77-71 ја одбрани титулата во Купот на Македонија освоена минатата сезона.

Екипата на Куманово се покажа тврд противник за престанвникот на Македонија во АБА лигата. Но, сепак искуството кое го поседуваат кошаркарите на МЗТ Скопје беше пресудно за победникот во финалниот натпревар од Купот на Македонија.

За “плаво белите“ ова е шестата титула во историја додека Куманово претрпе пораз во дебитанското учество во финалето од Купот.

Наградата за најкорисен кошаркар на завршниот турнир во Купот на
Македонија ја поделија репрезентативците Дамјан Стојановски и Костовски.

МЗТ Скопје цврсто чекори кон повторување на ланскиот успех кога на крајот од сезоната кошаркарите се радуваа на двојна круна. Сега пред избраниците на тренерот Алеш Пипан е поголемиот предизвик одбрана на титулата во националниот шампионат.

Мх.П.