Македонскиот претставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје прокнижи нови бода победувајќи ја Цибона 82-76 (17:13, 31:20, 15:24, 19:19).

Избраниците на Алеш Пипан до осмиот триумф сезонава стигнаа благодарание на фуриозниот прв дел постигнувајќи 48 поени од кои 31 кош во втората четвртина. 

По паузата “штрковите“ се опуштија што резултираше со губење на предноста и во последната четвртина стартуваа со +6 (73-67).

Во завршните десет минути кошаркарите на МЗТ Скопје се консолидираа и со мала доза на среќа не дозволија никакво изненадување победувајќи 82-76.

Најдобар и убедливо најефикасен на мечот беше кошаркарот на МЗТ, Кејд Дејвис постигнувајќи 21 поен. Солидна партија против Цибона пружија искусниот Гечевски (12 поени), Стојановски (11п), Николиќ (10п), Оташевиќ (10п). Најпрецизен во гостинскиот состав беше Строубери со 14 кошеви.

Со оваа победа “плабо белите“ се зацврстија во горниот дел од табелата со
22 бодови додека некогашниот европски првак со 19 бодови се наоаѓа на
десеттата позиција

Во наредната рунда македонскиот првак МЗТ Скопје бодови ќе брка на гостински терен кај екипата Широки Брег.

Мх.П.