Кошаркарите на МЗТ Скопје после една година пауза се вратија на тронот во македонската кошарка. „Штрковите“ во финалната серија со 3-0 го преслушаа Работнички и ја освоија седмата титула во последните осум сезони.

„Сино белите“ на домашен терен со 85-78 го совладаа градскиот ривал Работнички и заедно со навивачите го прославија новиот успех. За најдобар играч во финалната серија прогласен беше капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојаноски.

OhridNews