МЗТ Скопје Аеродром го совлада Фени Индустри со 90-71 и се искачи на врвот на табелата во Суперлигата.


Тодор Гечевски е играч на натпреварот со 27 п 7 ск, 3 асистенции и 2 украдени топки. Мијајловиќ помогна со 19 поени, а двоцифрени беа и Чековски, Пенов и Вучуровиќ. Кај Фени, најмногу се истакнаа Кнежевиќ и Симоновски со 17, односно 16 поени.

Во Куманово, Торус СЦБТ  ги совлада домаќините со 98-94, “осигурајќи“ ја третата позиција во разигрувањето за титулата. Димитар Караџовски со 25 поени, 5 асистенции и 4 скокови беше прво име на мечот.

Поразот од Лирија со 80-66 значеше и збогување на шансите за пласман во плејофот за најтрофејниот македонски кошаркарски соста Работнички.

Табела: Мзт Скопје 38, Фени Инд 38, Торус 35, Лирија 34, Куманово 30, Работнички 28

Ohridnews