Големото дерби од Капитал Банка Суперлигата, помеѓу екипите на Фени Индустри и Работнички заврши со триумф на домакинот, МЗТ Скопје ги потврди огромните амбиции во новата сезона совладувајќи го тимот на Торус додека екипата на Лирија извојува победа на тешкото гостување во Струмица.


Актуелниот шампион Фени Индустри на домашен терен повторно го совлада Работнички со 72-65. Кај Фени, Џарид Фрај и Огнен Стојановски постигнаа по 14 поени, додека во таборот на Работнички најзабележителен беше Перо Блажевски со 14 поени, шест скокови и четири асистенции.


МЗТ Скопје го совладаа Тимот на Торус, рутинирано со резултат 94-67. Главната виолина кај домашните беше младиот центар Кирил Николовски, кој повторно беше лидер на тимот, реализирајќи 24 поени и девет скокови, а за одбележување е и дабл дабл учинокот на Златко Гоцевски, кој мечот го заврши со 17 поени и 13 скокови.

На последниот натпревар одигран во Струмица во салата “Парк“ помѓу
екипите на АБА Струмица и Лирија поуспешни беа гостите од Скопје кој
славеа со 81-89.

Ohridnews