Комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишковски, ги изрече казните за инцидентот на натпреварот МЗТ ФОН Универзитет Скопје – Фершпед Работнички.

Поради фрлање на тврди предмети на теренот од страна на навивачката група на МЗТ ФОН Универзитет, клубот е казнет парично со 40.000 денари, како и со играње на следните три натпревари на домашен терен пред празни трибини.Домаќинот на овој натпревар е казнет со 4.000 денари поради навредливо навивање, како и со 4.000 денари поради фрлање на меки предмети на терен.

Казната означува дека МЗТ Скопје ќе го одигра без публика натпреварот против Вардар Осигурување, како и најмалку еден натпревар од разигрувањето, доколку ја задржи сегашната 6. позиција на табелата.

Играчот на МЗТ ФОН Универзитет Скопје, Мухамед Тачи, кој беше исклучен на натпреварот против Фершпед Работнички, е казнет со не играње на еден натпревар и парично, со 4.000 денари. Тачи нема да биде во составот на МЗТ на натпреварот против Карпош Соколи 2000 овој викенд.

ohridnews