Прекината е позитивната серија на АМАК СП. Металците успеаа да триумфираат во Охрид 89-80, нанесувајќи им го првиот пораз во Билјанини, втор во меѓусебните дуели во втората фаза. Покрај прекинот на негативната серија , металците се се израмнија на 2-2 во меѓусебните дуели со Охридскиот лигаш.

–  Нашата цел е пласман во разигрувањето, успеавме да триумфираме овде во Охрид и изрманивме на 2-2. Ние сме непредвидлив тим, но успеавме да го издржиме налетот на АМАК во третиот период. Направивме солидна разлика која успеавме да ја задржиме до крајот – рече на прес конеренцијата по заршувањето на мечот Марјан Лазовски.

Како “фатени“ го започна мечот двете екипи, па ниту едните ни другите не може да врзат некоја акција, а камоли да креираат игра кој би им донела поголема предност. Со серијата на О`Нил охриѓани доаѓаат во водство, но металците преку Тачи прво ирзманија а потоа стигнаа до ново водство. Одлично затворени беа Фрај и В.Стојаноски кои искомбинираа 10 поени на поулувремето. Со серијaта на Живковиќ гостите стигнаа до најголемата предност на полувремето 33-42.

Се буди Стојаноски се буди АМАК, охриѓани стигнуваат до водство во средината на третиот период 54-52. Место да продолжат , застанаа “езерџиите“ а Тачи потмогнат од Петровски повторно во финишот  ствараат предност за гостите. Следуваше игра поен за поен која траше се до пет минути пред крајот кога “металците“ се одлепија на 66-73. Доста лежерно, без жар играа охриѓани во финишот дозволувајки им лесни поени, а со тројката на Петровски на 120 секуди пред крајот решен беше победникот .

Недозволено лошо одигравме, психолошкиот пад на екипата како и заморот на играчите беа клучните моменти во поразот –  изјави по завршувањето на мечот старатегот на АМАК СП, Игор Гацов   
 
АМАК СП  – МЗТ ФОН 80-89 (15-16, 18-26, 26-21, 21-26)

АМАК СП : Ѓорѓоски 3, Тасевски 12, Стојанов, Фрај 17, Рејлор 8, Вегов, Петровки, Стефаноски 3, Стојаноски 23, неделков 8, Николовски , О Нил 6.

МЗТ ФОН : Тачи 26, Николовски 12, Петровски 19, Живковиќ 13, Рамадани, Хил 7, николовски , Милновски, Агоч 10, Деспотовиќ 2.

На останатите натпревари :

Работнички Струмица 107-74
Соколи Пелистер  69-91
ФЕНИ И Вардар О 91-81