Заостанатиот натпревар од кошаркарската Супер лига, помеѓу АМАК СП и МЗТ Скопје, ќе се одигра денеска во спортската арена „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 17:25 часот.

МЗТ во Охрид ќе допатува без тренерот Александар Петровиќ кој вчера поднесе неотповиклива оставка поради слабите резултати, а тимот од Аеродром најверојатно ќе го води Боби Митев доколку денеска се договори со управата на клубот.

Натпревартот АМАК СП – МЗТ Скопје, беше одложен на барање на освојувачот на Куп титулата поради сообраќајната несреќа на своите играчи Младен Гамбирожа и Мирослав Чубрило.

Натпреварот ќе го суди тројката Марјан Стојовски, Јован Крстевски и Александар Милојевиќ, а делегат на натпреварот е Александар Лазаревски од Скопје.

OHRIDNEWS