Министерството за животна средина и просторно планирање почнува нова иницијатива за заштита на Јабланица за да се утврди во кој ранг/категорија ќе биде како заштитено подрачје, а за првпат годинава  ќе започне со директна поддршка на националните паркови.

Министерството првпат оваа година ќе пристапи кон директно финансирање на четирите национални паркови кои ги имаме во моментот за да се унапреди нивната работа и да им се помогне, пред се, за да имаат инфраструктура која ќе им овозможи да работат со екосистемски услуги и сечата на дрвата да не им биде главен извор на приходи, информираше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во освртот за проектите на МЖСПП.

Додаде дека во тек е процесот на ревалоризација на природните вредности на Маврово, а од оваа година почнуваат и со анализа за воспоставување геопаркови во државата, потенцирајќи ја иницијативата за геопарк во близина на Демир Капија.

OhridNews