Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025 година“ и обврските до 23 јануари до Министерството за животна средина и просторно планирање извештаи доставиле дел од општините.

Како што посочуваат од Министерството, извештаи за преземени акции има од 13 општини од државата и тоа Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци.

Општина Охрид информира дека спроведува редовно чистење и метење на улиците кои се поделени во 4 категории, спроведува контрола на градилиштата при што има констатирано дека нема недозволени емисии од загадувачки супстанци, кон што придонесува и врнежливиот период од годината. Направен е инспекциски надзор на една работилница за мебел што се затоплува со печка на дрво, но не се констатирани неправилности, истакнуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

OhridNews