Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани. Вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 63% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 59% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. 48% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

 

Посочуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, додавајќи дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

 

OhridNews