Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е за 92,5 отсто помалку споредено со истиот период лани и 94,5 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива, соопшти Министерството за здравство.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Според Министерството за здравство мерките за заштита од Ковид-19 придонеле за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип.

OhridNews