Во понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден Владата на затворена седница го усвоила Договорот за набаква на вакцини од Кина и го задолжила Министерството за здравство.
Ние ќе го потпишеме dogovorot во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт, рече Филипче.
Министерот истакна дека во текот на изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација.
Националниот оперативен план за вакцинација го изготви националната техничка работна група за Ковид-19 во МЗ, тековно ќе се ажурира согласно динамиката на пристугнување на вакцините во земјава и спроведување на вакцинацијата, во зависност од количините, типот, спецификите.. Вакцинацијата ќе се врши преки постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови. Направен е детален план за транспорт од аеродром до сите места каде што вакцините складираат, економските оператори и Здравствениот дом тука во Скопје, понатаму план за дистрибуција до вакциналните пунктови како и начинот на практично спроведување на вакцинацијата, наведе Филипче.
Министерот информираше дека во текот на вчерашниот ден е потврден капацитетот на ладните соби за чување со цел да бидеме сигурни дека може да се прими и складира целата количина на вакцини.
Оваа вакцини се чува и се дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, што значи дека сите веледрогерии и компании и здравствени домови кои ќе бидат за складирање и транспорт на вакцините имаат капацитет и возила за чување и транспортирање на тие вакцини. Со тоа системот е целосно подготвен вакцините да се преземат од аеродромот и соодветно се складираат, додаде Филипче.
OhridNews