Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација велат од Министерството за здравство.

Досега вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани. 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина. 28% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство додаваат дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

OhridNews