Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека по примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет, информира Министерството за здравство.

Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена, се додава во соопштението.

Министерството посочува дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули.

Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата, се наведува во соопштението.

Министертсвото посочува дека повеќе информации за вакцините може да се најдата на неговиот официјален вебсајт.