Директорот на Општа Болница Охрид денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал преку ред во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти Министерството за здрасвство.

Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции. – стои во соопштението.

Секретарот на Општата болница Охрид, А.Н., за медиумите кусо соопшти дека oд денес е на боледување и дека одлуката за негово суспендирање ќе ја коментира кога ќе му заврши истото. Тој најави дека ќе ја обжали одлуката и ќе поднесе соодветни тужби.

OhridNews