Министерството за здравство соопшти дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден, велат од Министерството за здравство.

Во периодот од 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3.497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран, додаваат од Министерството за здравство.

 

OhridNews