Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, констатираше Комисијата за стручен надзор во извештајот за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница во Битола.
Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
По влошување на состојбата, се вели во соопштението, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката.
Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.
OhridNews