Претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелески и директорот на ЈП „Охридски Комуналец, Сашо Алче, на средба што се одржала претпладнево во Општина Охрид си подале рака и се смириле, со што, како што информира локалната самоуправа,  и симболично се стави точка на недоразбирањата кои деновиве ја брануваа локалната јавност околу плаќањето надоместок за јавна чистота согласно Законот за јавна чистота (од 2008.година) и Одлуката на Советот на општината за висината на надоместокот (од септември 2009.година).

Како што беше констатирано на средбата, недоразбирањата околу подмирувањето на оваа законска обврска на граѓаните, произлегуваат од недоволната информираност на месните заедници, конкретно на раководството на МЗ Куратица во врска со Одлуката на Советот на општината за висината на надоместокот која, согласно Законот за јавна чистота, го регулира плаќањето на оваа давачка по реони односно зони каде се лоцирани домакинствата и, посебно,  викенд-становите, за што раководителот на „Комуналец“ доби јавно извинување-информираат од локалната самоуправа.

На средбата било заклучено, скоро МЗ Куратица да покрене писмена иницијатива до Советот на општината за измена и доплона на Одлуката за висината на надоместокот за јавна чистота во планинските села на општина Охрид, посебно за нивните жители и посебно за викенд-становите во планинските села.

OhridNews