ќе се селектира отпадот во МЗ „Билјанини извори“
-Во секоја индивидуална куќа беа доделувани едукативни материјали за начинот на селектирање на хартијата и пластиката, како и најлонски кеси за примарна селекција-вели Сашо Алче од „Охридски Комуналец“ и додава дека ваквиот отпад ќе се подигнува секој вторник. Тој најавува дека селектирањето во текот на наредната седмица ќе продолжи и во МЗ Долна Влашка Маала, а до крајот на идниот месец со оваа новина ќе биде опфатен целиот град. Проектот е подржан од Американската агенција за меѓународен развој.