СВР-Охрид, против лицата Е.К. (47) –Директор на студентскиот дом “Никола Карев“ – Охрид и Р.Ј.(42), референт во домот, поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во текот на 2005 година Е.К. спротивно на законот за јавни набавки, склучил договор за јавни набавки со фирмата “Интерџеј“ од Охрид, а двајцата добавувачи во домот ги прераспоредил на други работни места. По ова истиот ја овластил Р.Ј. да врши нарачки на артикли од фирмата “Интерџеј“ по цени повисоки за 20% од договорените.
На овој начин пријавените и овозможиле на фирмата да се стекне со противправна имотна корист од 650.000 денари на штета на Студентскиот Дом, соопшто Министерството за внатрешни работи..