„Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“ ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите вмешани во случајот, е рушење на институциите и безбедносниот систем на Република Македонија. Истите очекуваат ослабување на капацитетите и отворање на слободен простор за реализирање на нивните сценарија за уривање на слободната волја на граѓаните.“, рагираа денска од Министертвото за внатрешни работи на прес конферснцијата на СДСМ.
-Целата јавност денеска беше сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои во многу наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија. За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Станува збор за помош која ја доби МВР во висина од 5.557.377 евра. Станува збор за над 5,5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова постои и официјален договор за донација, кој е класифициран со највисок степен како државна тајна, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека Министерството за внатрешни работи сака и јавно да се извини до израелското Министерство за одбрана за денешниот срамен настап на четвртоосомничениот и да изрази уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјалните ставови на Република Македонија.
OhridNews