Во врска со верската манифестација ЕРОДИЈА-ЛИТИЈА, што вчера од 15 до 18.30 часот се одржа во Струга а во чест на празникот Свети Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга согласно предвидените безбедносни протоколи ги презеде сите неопходни безбедносни мерки и постапуваше во согласност со Владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19, информира МВР.

Од полицијата истакнуват дека во пресрет на верската манифестација, началникот на ОВР Струга, заедно со други претставници од полициската станица, одржале работен состанок со старешината на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на кој била нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со Корона вирусот. Исто така, бил изготвен и оперативен план за физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св.Ѓорѓи“, но при движењето на Литијата кон кејот и на шеталиштето, од споредните улици и од дворовите на приватните куќи, полициските службеници забележале движење и приклучување на групи верници, кои, како што истакнаа од полицијата, не биле спречени во намерата за да се избегне поголем инцидент..

Иако, имаше обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката на што наидоа од вербална реакција и негодување од граѓаните, таа појава не беше возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на ситуацијата. Напоменуваме дека за разлика од минатогодишната литија каде имаше околу 10.000 верници, годинава регистрирано е присуство од околу 300 лица. – соопшти МВР.

Од МВР уште информират дека ОВР Струга, презема мерки за целосно расветлување на настанот во координација со Основното јавно обвинителство, а .во случајот е вклучен и Одеелот за внатрешна контрола.

Една од првите задачи е повторно средба со надлежните во црквата „Св.Ѓорѓија“ со цел идентификување на евентуални организатори на непредвиденото и ненајавеното приклучување на групите верници по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во расветлувањето на настанот, целосно е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. – информира МВР.

OhridNews