Во текот на вчерашниот ден (25.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

На 25.01.2022 во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале 22 возачи кои во населено место управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-08, Струга-12, Кичево-02) и 7 кои надвор од населено место ја пречекориле дозволената брзина (Охрид-05, Дебар-02), информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

МВР извести дека во цела држава биле санкционирани 203 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.

Од Министерството истакнуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

OhridNews