Министерствто за внатрешни работи денеска изнесе официјални податоци за тешката сообарќајна несереќa што се случи во водите на Охридското езеро.


Како што соопшти МВР несреќата се случила синоќа околу 19,45 часот во водите на Охридското езеро на околу 300 метри над плажата „Куба Либре“. Во незгодата се судриле глисер марка „Сидо“ со рег.бр.ОН-306, управувано од Х.Ш.(1978) од Охрид и глисер марка „Регал“ со рег.бр.ОН-468, управуван од Ирина Р. – М.(1970) од Скопје. Во незгодата од здобиените тешки телесни повреди починала Ирина и истата е пренесена во МЦ-Охрид каде е констатирана смрт.

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(1985) од Охрид, додека сопатниците: К.А.(1981) од Сириска Арапска Република и А.Б.(1980) од Охрид се здобиле со телесни повреди и истите се пренесени во општа болница – Охрид каде им е укажана лекарска помош.

Увид на лице место извршиле заменик јавен обвинител и истражен судија од Основниот суд-Охрид, капетанијата на пристаништата – Охрид и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на истражниот судија, пловните објекти се задржани и оставени на чување во ПС езерска полиција – Охрид и Центар за обука на вода при АРМ, се вели во соопштението на МВР.

ohridnews
извор : МВР