На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.„Мислешески пат“ и ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28 годишно лице од Скопје, сопственост на МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „фордот“  и 30 годишната сопатничката од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници), констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден 27 годишнен полициски службеник – од Скопје и возачот на „опелот“, констатирани во Општа болница Струга, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

OhridNews